Премиера

Sinteticsax Project со нова песна и видео спот (Аудио)

DJ Nikola Dee од битолското Радио 106 е основачот на проектот Sinteticsax Project чиј дел се и Горан Проја на саксофон и Даниел од популарната македонска група Памперс кој свири на гитара. По 3 години успешно опстојување на проектот, многу настапи по реномирани фестивали низ Македонија и Балканот и познати ноќни клубови од истото подрачје, тие на годишнината од нивното постоење го издаваат нивниот прв официјален сингл кој е испеан на англиски јазик од страна на Ирена од групата “Памперс” насловен како “Strong love”. Од Sinteticsax Project најавуваат и видео запис за песната која веќе се врти на радио станиците ширум државата.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: