Премиера

“Скопски солисти” го промовираа ЦД-то со наслов “Festiv Music n.2”

Пред неколку дена се одржа промоција на новиот компакт диск на камерниот оркестар “Скопски Солисти” со наслов “Festiv Music n.2”. Промоцијата се одржи во Музеј на Град Скопје со почеток во 12 часот. Истата беше отворена од Проф. М-р. Васил Атанасов, уметнички раководител на “Скопски Солисти”, а гости беа Г. Костадин Костадиновски, музиколог и музички критичар и Проф. Запро Запров, диригент.

Ова ЦД е видео запис од божичниот концерт одржан на 8-ми јануари 2014-та година, во продукција и во салата на ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски. Програмата на божиќниот концерт беше реализирана со настап на нашата позната примадона Весна Гиновска – Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет, Хорското студио Рустико, а под диригентската палка на маестро Андреј Андреев, познат бугарски диригент. Концертот предизвика големо внимание кај македонската музичка публика и тогашната Универзална сала беше исполнета до последното место.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: