Музика на кирилица

Врвно шоу: “Live Band” нов состав на македонската музичка сцена

Две години како постои овој извонреден состав кој зад себе има огромен број на настапи низ цела Македонија и истиот е активен на многу полиња задолжени за добра забава до раните утрински часови. Она што е новитет од нивна страна се обработките на хит композиции како од македонската фолк и поп сцена така и од балканската и странската музичка сцена.

Даниел Трипуновски (саксофон и кларинет), Роберт Ангеловски (хармоника), Денис Стојановски (перкусии), Иван Божиновски (клавијатури), Марјан Петрески (гитара) и Орде Неделковски (вокал) се личностите кој го красат овој состав и се во целосна смисла на зборот професионалци за секоја пригода.

L 1“Долг период ги подготвувавме композициите. но на крајот сепак се исплатеше и многу сум им благодарен на тимот кој работеше на целиот проект и се надевам на нашите фанови ќе им се допадне”, изјави фронтменот на бендот Орде Неделковски кој и покрај ангажманите со својот состав тој и паралелно вложува огромни напори во својата соло кариера поточно работи на својот деби албум за кој пред извесен период ја промовираше својата прва композиција “Помогни ми”.

“Не е лесно да се носат две лубеници под една мишка, но сепак успевам некако да ги усогласам работите под конец иако оваа професија бара голем влог”, додаде Орде Неделковски. Воедно наскоро започнуваат и со подготовки на свои авторски композиции, така што во иднина ќе можеме да слушнеме нешто ново од нив, а сите новости поврзани со “Live Band” може да ги следите на нивниот официјален фејсбук профил: Live Band Skopje.

Во продолжение ви презентираме мал дел од преработките на композиците, секако тие повторно ќе започнат и со вториот дел на обработки на новокомпонираните композиции кој ќе се најдат на нивниот репертоар, а дотогаш уживајте во видеото подолу.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: