World Music

Челичната “девица” на пат за Белград

Најбараната светска метал група Iron Maiden го започна последното од поглавје од светската турнеја од кој со веќе два распродадени концерти во Шпанија, потоа 27-ми мај во Барселона и вечерва во Билбао. Она што е интересно е што оваа култна група има избрано 20 држави каде ке настапат, а меѓу нив се наоѓа и нашиот сосед Белград каде има голема заинтересираност не само од Србија, туку од целиот Балкан кој ќе се оддржи на 17-ти јуни на Калемегдан.

Maiden England е една од најголемите светски турнеји на овој век и со преку 2 милиона посетеност на секој концерт, но како што посочува бендот никогаш не оставаат на случајот секогаш им е битна реакцијата на публиката. Интересно е што сепак знаат низ што помина овој период Србија, па се надеваат дека со малку ведра атмосфера ќе им ги развеселат лицата на публиката и ке донесат свежина на самиот настап. Новост во сето ова е што самата сцена е широка дури 44, а висока 17 метри со многу голем број на пиротехника што не е чудо за ваков бенд кој знае дека и ова игра важна улога во нивниот настап.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: