0

Дуа Липа ја промовираше новата песна “Electricity” (Видео)

Светска

Таа сеуште е актуелна со мега хитот “One Kiss” која што е всушност соработка со шкотскиот колега Келвин Харис. Но и покрај големата популарност и слушаност, Дуа Липа деновиве ја промовираше нејзината најнова песна, како и видео спот за истата. Новата “Electricity” е снимена во соработка со Силк Сити, односно, продуцентите Дипло и Марк Ронсон. Оваа најнова песна воедно е најавен сингл за реизданието на нејзиниот деби-албум “Dua Lipa”, закажан за 19-ти октомври.

Двојната комплетна колекција ќе ги содржи сите песни од првенчето, како и уште неколку нови песни, меѓу кои и дуетот со Шон Пол, клупските хитови “Scared to be lonely” и “One Kiss”. Новата соработка со Силк Сити е дополнета и со разиграно видео, во кое Липа ги покажува и своите танцувачи способности, а како сето тоа изгледа и звучи, дознајте во продолжение.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели