World Music

Ед Ширан: Би сакал да напишам песна за Евровизија

Ед Ширан изјави дека би сакал да напише песна со која Велика Британија би се претставила на Евровизија, но дека лично не би ја пеел. Велика Британија нема победа на оваа манифестација од 1997-та година и Ширан би можел да биде нејзин силен адут, имајќи предвид дека тој изминативе години е еден од најуспешните британски музички извозни производи.

“Би сакал да напишам песна за Евровизија. Од друга страна, не знам дали некогаш би се пријавил самиот да настапам. Сепак, не сум сигурен дека остатокот од Европа сака Велика Британија да победи поради историјата и други работи”, изјави Ширан непрецизирајќи на што точно мисли. Последниот албум на Ширан, “Поделено”, беше огромен глобален хит и најпродаван албум во 2017 година во голем број европски земји, вклучувајќи ги Данска, Франција, Италија, Норвешка, Шведска и Швајцарија. Оваа година, Велика Британија на Евровизија ќе ја претставува пејачката Сјури.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: