Финалниот меч од Лигата на шампионите ќе започне со Дуа Липа

Светска

Британската пејачка со косовско потекло Дуа Липа, ќе биде дел од церемонијата на отворањето на финалниот натпревар во Лигата на шампионите во Киев, кога на 26-ти мај ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул. Таа ќе ги испее своите хитови на центарот на Олимпискиот стадион во Киев.

“Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу. Не сум голем фудбалски фан, мојот брат и татко гледаат и навиваат за Арсенал”, изјави 22 годишната Британка. Изминатиtе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето на Лигата на шампионите се групата Блек ај пис и пејачката Алиша Кис.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели