World Music

По лекувањето на депресијата Џорџ Мајкл се врати во Англија

Популарниот британски пејач Џорџ Мајкл се врати во Англија, откако мина два месеца на лекување во Австралија, каде се опоравуваше од тешка емотивна состојба и стрес. Мајкл за лекувањето во Австралија плаќал околу 30.000 евра неделно. Тој во септември минатата година ја откажа турнејата поради исцрпеност и емоционална потиштеност.

Тој тогаш изјави дека ги потценил проблемите кои го погодиле, по што замина на лекување во Австралија. Тој уште од летото мината година, многу малку се појавуваше во јавност.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: