“Despacito” го сруши рекордот на You Tube (Видео)

Светска

Латино хитот “Despacito” со над три милијарди прегледи на You Tube каналот го престигна досегашниот рекордер по број на прегледи, спотот за песната “See you again” на Wiz Khalifa и Charlie Puth. Според Билборд, летниот хит на порториканските музичари Luis Fonsi и Daddy Yankee објавен во јуни веќе има повеќе од три милијарди прегледи, со што ја престигна популарноста на досегашниот број еден на листата, песната од филмот “Furious 7” која има 2,996 милијарди прегледи. Видеото за песната “Despacito” има и најмногу лајкови на You Tube. Иако веќе можеби сте го слушнале многу пати, да се потсетиме уште еднаш на овој безвременски хит.

Подготви: Христина Секуловска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели