World Music

Светски познатиот хит “Despacito” избришан од YouTube?

Само пет дена откако беше објавено дека спотот на Луис Фонси во соработка со Дади Јанки официјално е најгледаниот на YouTube со 5 милијарди прегледи, хакери успеаја да го избришат. Луѓето некое време можеа да пристапат до спотот, но наместо песната ги дочекала слика од петмина аниминирани и маскирани луѓе со вперени пиштоли во камера, што сугерира дека станува збор за хакерски напад.

Таков хакерски напад ги погоди и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк, а оригиналните видеа се поставени на Вево. Хакерската група која се потпишува како Prosox and Kuroi’sh напиша “Free Palestine” под видео клиповите.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: