“Ајрон мејден“ ќе објават стрип

Светска

Британската хевиметал-група “Ајрон мејден” ќе публикуваат серијал од пет стрипови во кој главната улога ја има нивната маскота Еди. Стрипот е направен според нивната видеоигра “Наследството на ѕверот” во која нивната маскота патува низ различните светови од дискографијата на бендот. Првиот број на стрипот ќе биде пуштен во продажба на 11-ти октомври, а другите броеви ќе бидат објавувани секој нареден месец. Сценариото за стрипот го напишаа Иан Едринготн и Лекси Леон, додека пак за ликовите се заслужни Санти Касас, Кевин Ј. Вест и Џејсон Гордер.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели