0

Џастин Бибер го кажа “судбоносното да”

Светска

Идолот на милиони тинејџери, Џастин Бибер и на неговата вереница Хејли Болдвин го кажаа “судбоносното да”. Тие се венчале во четвртокот, само два месеци, откако Џастин и предложи брак на Хејли. Нивната веридба беше изненадување како за фановите, така и за нивните семејства. Тие беа во врска, но се разделија во 2016-та година, по што многу брзо двајцата продолжија со нови романтични односи. Од оваа пролет тие се повторно заедно и се вљубени и многу среќни. Интересното е дека дури и по нивната разделба, Џастин отворено изјавуваше дека се уште ја сака Хејли.

“Не сакам да брзам и да започнам нешто ново. Што ако Хејли сепак е девојката со која ќе се оженам еден ден? Не сакам да бидам со друга и еден ден ќе морам да се справам со тоа. Таквите работи тешко се преживуваат”, изјави во една прилика Џастин. Извори блиски до познатиот пејач изјавија дека тој секогаш имал силни чувства кон Хејли и дека и двајцата се познаваат многу добро, па нивната свадба всушност не е непромислен каприц. Џастин и Хејли наскоро ќе имаат и црковна свадба, најавија истите извори за “Пипл”. Хејли наводно не сака голема и помпезна свадба, но има многу романтични замисли за настанот.

“Сакам насекаде да висат светилки. Би било многу убаво, ако се случи во шумата”, ја пренесува “Пипл” нејзината изјава.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели