Џастин Бибер се врати на Инстаграм (Фото)

Светска

Американскиот пејач Џастин Бибер беше отсутен од Инстаграм откако неговата бивша девојка Софија Ричи беше нападната од страна на интернет “хејтерите” минатата година. Иако на 3-ти февруари пејачот повторно го активираше профилот после шест месечна пауза, за да ја објави рекламата која ја сними за “T-Mobile” за Супербол, дури сега го добивме вистинскиот Џастин назад.

Имено, Џастин реши конечно да се врати во Инстаграм-форма, па објави 12 фотографии од албумот на неговиот мобилен телефон. Меѓу нив имаше две селфи фотки, разголени фотки и презентирање на неговите нови очила. Сигурни сме дека оние кои го сакаат младиот пејач се пресреќни со неговата одлука, па останува само да видиме што ќе ни прикаже во иднина.

Подготви: Виолета Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели