World Music

Џастин Бибер го промовираше спотот за песната “Company” (Видео)

Обожавателките на Џастин Бибер ќе полудат за неговиот нов видео запис за синглот “Company”, во кој пејачот ги опфати најдобрите моменти од неговата актуелна турнеја “Purpose”, во чии рамки го промовира истоимениот албум што го објави минатата година. Имено, во новата екранизација канадската ѕвезда не води во студиото за снимање, на својата турнеја, на одморот во текот на турнејата и сите оние слатки моменти зад камерите.

“Лично, го сакам овој спот, бидејќи е искрен поглед на моето патување. Процесот на снимање на албумот и оваа турнеја се навистина посебни”, изјави пејачот, додавајќи дека е многу горд на постигнатото и дека се било многу забавно и покрај тоа што имал и многу работа, тој додава:

“Мислам дека тоа се гледа и во видео записот. Се надевам дека на моите обожаватели ќе им се допадне колку што ми се допадна и мене, затоа што на крајот на краиштата, тоа е за вас”, изјави Бибер.

Видео записот собра над 4 милиони прегледи за помалку од 24 часа, така што дефинитивно може да се каже дека им се допаѓа на неговите обожаватели, а доколку вие не сте меѓу тие четири милиони, сега е одлична можност да го погледнете ова патешествие на Џастин Бибер.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: