0

Џастин Бибер нападат за време на настап

Светска

Неодамна на “Самербурст Фестивал” свое учество имаше и популарниот светски поп пејач Џастин Бибер. Освен многубројните негови хитови кои ги отпеал, во еден момент публиката од него побарала да го отпее познатиот летен хит кој се повеќе и повеќе се слуша “Despacito”. Бибер не сакал тоа да го направи со образложение дека го има заборавено текстот. А веднаш потоа кон пејачот бил упатен голем предмет, и доколку тој самиот не реагирал да се заштити предметот ќе го погодел во глава.

Медиумите пишуваат дека очигледно непознатиот предмет кон Џастин го фрлил некој гневен обожавател кој го очекувал овој хит да го отпее младиот пејач. Неколку дена претходно, исто така на настап во живо, Џастин го заборави делот од текстот на шпански, па почна да пее: бла бла бла, што предизвика бурни негативни реакции од луѓето од шпанското говорно подрачје. Инаку познатата песна која дефинитивно е светски хит ја отпеа Луис Фонси кон почетокот на оваа година.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели