0

Секоја чест: Лејди Гага го прекина концертот поради обожавателка (Видео)

Светска

Поп ѕвездата Лејди Гага е позната по тоа дека многу ги почитува своите обожаватели кои се нарекуваат “мали чудовишта”, и не пропушта прилика да им се заблагодари за нивната поддршка. Лејди Гага моментално ја продолжува турнејата за новиот албум “Joanne” што ја прекина поради здравствени проблеми, а на еден од настапите во Анкесвил, Конетикат покажа точно колку и значат обожавателите.

Во еден момент од настапот во распродадената сала во Mohegan Sun Casino, суперѕвездата прекина да пее откако забележа дека во првите редови има повредена обожавателка. Таа и се обрати на публиката дека ќе прекинат на кратко за да се осигураат дека се е во ред. Лејди Гага ја праша обожавателката дали сака да продолжи да го гледа концертот и испушти насмевка со воздишка кога доби позитивен одговор. Потоа ја праша дали и треба помош и како се вика и и  рече дека многу и е жал што ја удриле по лице и сега крвари.

Откако дојде медицинска екипа да и помогне на обожавателката која наводно се вика Мередит, Лејди Гага се обрати на публиката и рече:

“Треба да запамтиме дека има работи што се поважни од шоубизнисот”, на што публиката реагираше со аплауз. Потоа рече дека ќе го продолжи концертот со песна во чест на Мередит и почна да ја пее “Paparazzi”, еден од нејзините најголеми хитови.

Како сето тоа изгледаше, погледнете го следното видео и сами погледнете:

Подготви: Виолета Трајковска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели