Лејди Гага стана фотомодел

Светска

Поп пејачката Лејди Гага го одбележува еден од најголемите модни проекти до моментов, стана лице за рекламна кампања на Tiffany & Co. 31-годишната пејачка позираше за колекцијата накит HardWear во портретски кадри снимени од легендарниот фотограф Дејвид Симс. Блондинката ги остави провокативните и раскошни костими за да ги замени со многу строг изглед – класична бела кошула и црни панталони со висока половина. Брилијантните ѓердани Лејди Гага се нагласени со висока јака на кошулите и ролки, а акцентот е ставен и врз обетките.

“Мислам дека жената може да си купи сама накит и да си го носи со достоинство”, изјави Лејди Гага.

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели