World Music

Мадона искарана со најблиската пријателка актерката Деми Мур

Кога Деми Мур остана без Ештон, Мадона беше меѓу првите пријателки за поддршка, но сега работите се промениле. Мадона направила забава по Оскарите на која флертувала со Качер, а Деми не била ни поканета. Тоа е истата забава која во 2011-та Mадона и Деми Мур ја организираа заедно. Годинава Деми не беше на листата на поканети. Mадона, не се одделувала од младиот Ештон.

“Флертуваа пред сите и танцуваа цела ноќ. Нема сомнеж дека Мадона сега е на страната на Ештон” – изјави анонимен извор за медиумите.  Изворот вели дека Мадона сака да е во близина на Ештон бидејќи ужива да го гледа, и убедена е дека Ештон е подобар актер од Мур.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: