Фестивали

Марко Менгони со песната “L`essenziale” победи на Сан Ремо 2013

Победник на годинешното издание на најпопуларниот фестивал на италијанската забавна музика Сан Ремо е 25-годишниот Марко Менгони. Тој беше избран од стручното жири и телевизиските гледачи, откако се претстави со песната “L’essenziale”.

Првиот канал на државната италијанска телевизија го емитуваше во живо овој настан од легендарниот театар “Аристон”, а се проценува дека целиот настан го проследиле меѓу 14 и 10 милиони гледачи.

Менгони во 2010-та година беше прогласен за “најдобар европски уметник” на европските награди на MTV и ја доби главната награда “Златна палма”. Освен тоа, Марко ќе претставува Италија на претстојниот избор за песна на Евровизија во Шведска.

Сан Ремо е најпопуларниот фестивал од овој вид во Италија кој се одржува од 1951 година.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: