World Music

Кончита Вурст: Ми се закануваат со убиство!

“Постојано добивам закани за смрт”, изјавила победничката на Евровизија Кончита Вурст во нејзината исповед за еден австриски весник, и додала дека во последно време деноноќно и пристигнуваат голем број на пораки полни со омраза. Во исто време против контроверзната австриска ѕвезда на големо трае кампањата на социјалните мрежи.

На Фејсбук страната “Не за Кончита” (Nein zu Conchita), која од 15-ти мај има околу 37.000 фанови, може да се прочитаат изливи на омраза: “Фрли се под воз”, “Тргнете го него, односно неа”, “Исфрлете ја од промет оваа ненормална личност”… Како што и се очекуваше, Кончита ги испровоцира и австриските политичари кои не штедеа на зборови против неа. Затоа Кончита сега се плаши за својот живот и не може да спие со денови.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: