Највисокоплатениот диџеј во светот стана модел на Emporio Armani (Фото)

Светска

Познатиот ди-џеј Калвин Харис покажува супер жешко тело во новата фотосесија за Emporio Armani. Кадрите кои самиот тој ги пушти во социјалната мрежа, се зад кулисите на сесијата и тој е снимен топлес, а сликите ги истакнуваат неговите плочки на стомакот.

Calvin Harris30-годишниот поранешен дечко на поп-ѕвездата Рита Ора ќе се појави во претстојната кампања на модниот бренд 2015 пролет-лето. Шкотланѓанецот Калвин, кој според Forbes е највисокоплатениот ди-џеј во светот, покажува дека еден ди-џеј и музичар може да работи претежно навечер и ноќе, но сепак може да најде време да се потруди во салата. За новата кампања на модел, тој напишал на Twitter:

“За мене е неверојатно да работам со г-дин Армани и неговиот тим. Чувствувам афинитет кон брендот и секогаш сум бил негов обожавател”, напишал познатиот ди-џеј на својот Twitter профил. Деновиве Калвин Харис тргнува на меѓународна турнеја, која ќе трае до јуни 2015-та. Првите градови, во кои тој ќе направи забави се Сан Исидро, Аргентина и Осло, Норвешка.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели