Погледнете: Новиот спот на легендарниот Дејвид Боуви (Видео)

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви годинава ја започна со нов сингл “Where are we now”, како најава за неговиот дваесет и четврти студиски албум насловен “The next day”, најавен за март годинава. Од албумот неодамна беше објавен насловот на вториот сингл “The Stars”, кој доби интересен видео запис.

Во спотот се појавуваат многу познати светски ѕвезди меѓу кои и Тилда Свинтон која ја игра сопругата на Дејвид Боуви. Режија на видеото е Флорија Сигисмонди која претходно за него ги има направено спотовите за нумерите “Little wonder” – 1996 и “Dead man walking” – 1997 година.

Подготви: Александра Блажевска

Повеќе на Музика24...