0

Почина легендарниот рок музичар Чак Бери (Видео)

Светска

На 90 годишна возраст почина легендарниот рок музичар Чак Бери. Легендарниот Бери е роден на 18-ти октомври 1926-та година во Сент Луис, Мисури, САД. Минатата година го прослави својот 90-ти роденден со најава за нов албум, прв после 40 години. Албумот со едноставен наслов “Чак”, требаше годинава да се најде во продажба.

Бери, кој се смета за еден од татковците на рокенролот и еден од најдобрите гитаристи, е препознатлив по посебниот сценски настап и стилот на свирење гитара. Неговиот хит “Johnny B.Goode” од 1958-та година до денес остана еден од најпрепознатливите хитови во светот на рок музиката, но и на популарните песни воопшто. “Чак” ќе биде прв негов албум после 38 години посветен на сопругата Темети Бери, со која живее 68 години.

“Драга, остарев. Долго време работев на тој албум, сега можам да престанам”, напиша тој неодамна.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели