Почина познатиот рок музичар Грег Алман

Светска

На 69-та годишна возраст денеска почина еден од познатите светски рок музичари Грег Алман во својот дом во градот Савана, во американската држава Џорџија, соопштија светските медиуми. Лидерот на бендот “Алман Брадерс” и пионер на јужњачкиот рок, роден во Нешвил, беше автор на многу хитови, како што се: “Midnight Rider”, “Whipping Post”, “Ramblin’ Man”, јавија американските медиуми.

Алман ги откажа минатогодишните турнеи, а во август соопшти дека се наоѓа под надзор на лекари заради “сериозни здравствени проблеми”. Три години беше во брак со пејачката Шер со која го има синот Елаја.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели