World Music

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се ожени

Светските медиуми пишуваат дека поранашниот сопруг на некогаш светски мега популарната Бритни Спирс, Кевин Федерлајн застана повторно пред олтар. Кевин кој со Бритни има две деца, се ожени за долгогодишната девојка Викторија Принс со која што веќе има двегодишна ќерка. Тие започнаа да се гледаат веднаш откако тој се разведе со Бритни во 2008-та.

А Бритни за разлика од нејзиниот поранешен сопруг со кој што беше во брак три години, и ден денес сеуште ја бара љубовта на својот живот. Во меѓувреме таа целосно е посветена на својата музичка кариера. Бритни Спирс по разводот кога и го загуби старателството на двата сина преживуваше криза каде што во тој период од страна на нејзиниот татко и беше одземено и правото самостојно да располага со своите финансии.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: