World Music

Познатиот пејач Daddy Yankee ограбен за време на негов настап

Крадец кој личел на порториканскиот рапер Деди Јенки украл накит во вредност од два милиони евра од хотелската соба во Валенсија во која престојувал музичарот, пишува шпанскиот весник “Лас Провинциас”. Според весникот, маж кој личел и се однесувал како раперот кој стекна светска слава со “Деспасито”, од хотелската соба се јавил по телефон на вработените и побарал да му го отворат сефот во собата.

Јенки грабежот го открил кога се вратил од настап, по што пријавил во полицијата. Од шпанската полиција за весникот потврдиле дека истата вечер била ограбена уште една хотелска соба од која биле украдени неколку илјадници долари во кеш. Официјалниот претставник на Деди Јенки ја потврдил кражбата преку Твитер. Во неговата објава стои дека е ангажиран и адвокат кој ќе го следи случајот и текот на истрагата. Познатиот пејач во моментов е на турнеја низ Европа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: