Продадена е гитарата на легендарните Џон Ленон и Џорџ Харисон од “Битлси”

Светска

Електричната гитара, изработена по порачка, на која свиреле Џон Ленон и Џорџ Харисон од легендарната група “Битлси”, е продадена на аукција во Њујорк за 408.000 долари, соопштија организаторите од компанијата “Џулианс” во Беверли Хилс, пренесоа агенциите. Гитарата со првична пазарна цена од 200.000 долари беше продадена на непознат купувач.

Харисон го користел инструментот додека ја свирел песната “I am the Walrus”, а Ленон на снимањето на “Hellow, Goodby”. И двете нумери се од албумот на Битлси од 1967 година “Magical Mystery Tour”. Гитарата, што во последните недели беше изложена во музеј во Ирска, била продадена од “Кристис” пред неколку години за малку над 100.000 долари.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели