Прва во се – Лејди Гага ќе пее во вселената?!

Контроверзната Лејди Гага ќе ја има честа да биде првиот изведувач кој ќе изведе настап во вселената, и тоа благодарение на Ричард Бренсон. Вселенското патување Лејди Гага ќе го направи со бордот на приватниот брод Virgin Galactic. Се очекува тоа да се случи кон средината на 2014-та година. Настапот на пејачката ќе биде транслиран директно на сцената на музичкиот фестивал Zero G Colony, кој ќе се одржи на космодромот Spaceport Аmerica во државата Њу Мексико.

Организаторите уште отсега ветуваат дека Лејди Гага во вселената ќе биде кулминација на тридневниот фестивал. Самата пејачка напорно се подготвува за вселенското патување, вежбајќи пеење во бестежинска состојба. Поп-иконата дури си направила и посебно осигурување во случај на непредвидена вселенска несреќа.

Подготви: Викторија Трајковска

Повеќе на Музика24...