0

Ријана домаќинка на традиционалниот бал “Мет Гала”

Светска

Ријана, Амал Клуни и Донатела Версаче ќе се домаќини на следното издание на традиционалниот бал на музејот “Метрополитен” во Њујорк, наречен “Мет гала”. Прославата што се одржува секоја година во првиот понеделник на мај е главен извор на средства за Институтот за костуми на музејот “Метрополитен” и еден од најочекуваните светски настани за годината. Билетите за неа се продаваат за сума од 30.000 за единечен билет и 275.000 за маса, а гости се најпознатите личности од светот на модата и шоубизнисот.

Адвокатката за човекови права Амал Клуни, која е сопруга на актерот Џорџ Клуни, е популарна со нејзиниот специфичен стил. Заедно со неа, Ријана е 29-годишната пејачка, која е избрана за најдобро облечена ѕвезда на годината. Легендарната Донатела Версаче, која е една од главните мотори на истоимениот моден бренд, им се придружува. Ана Винтер, главниот и одговорен уредник на “Вог” исто така, ќе биде домаќин на настанот кој ќе се одржи на 7-ми мај.

Секоја “Мет гала” е посветена на изложба во Институтот за костуми која во 2018-та година ќе биде: “Рајски тела: модата и католичката имагинација”. Изложбата, која ќе биде отворена на 10-ти мај, ќе вклучува папски мантии и додатоци кои доаѓаат директно од Ватикан. Остатокот од изложбата ќе вклучува влијание на католицизмот и црквата на дизајнери и брендови како “Баленсиага”, “Шанел”, “Живанши”, Карл Лагерфелд, Вивиен Вествуд, “Версаче” и други.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели