Се продава магазинот за музика и популарна култура “Ролинг Стоун”

Светска

Се продава “Ролинг Стоун” – 50-годишниот магазин за музика и популарна култура, објави основачот на магазинот Џен Венер. Во интервју за “Њујорк Тајмс”, Венер изјави дека тој и неговиот син Гас го продаваат “Ролинг Стоун”, но и дека се надеваат оти ќе останат во тимот. Венер го основа списанието во ноември 1967-та година додека бил “хипик”. Тоа изврши големо влијание врз пишувањето за музиката, но сега е во тешка положба главно поради општата ситуација околу продажбата на печатените медиуми, но и поради своето известување.

Имено, репутацијата на магазинот наеднаш опадна пред три години, кога мораа да повлечат текст за измислено групно силување на Универзитетот на Вирџинија, оти новинарите не го провериле изворот и информацијата поради што заработија и три тужби.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели