Селена Гомез ја продава вилата во Тексас

Светска

Селена Гомез ја продава нејзината вила во Тексас по цена од 2.999 милиони долари. Како што пишуваат светските медиуми, вилата има пет спални соби и шест бањи и се простира од речиси 1.000 метри квадратни. Вилата која што е изградена во 2005-та година има исклучителни архитектонски детали. Покрај вилата се сместени тениски терен, голф терен и базен со солена вода. Како и сите други млади ѕвезди, Селена не поминува многу време на едно место кога станува збор за недвижнините.

Во 2014-та година Селена ја продаде нејзината вила во Калифорнија, што во 2011-та година ја купи по цена од 2.175 милиони долари. Тогаш нејзината вила ја купи Иги Азалеа.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели