Светот добива мјузикл за Мајкл Џексон

Светска

Кралот на попот е најновата ѕвезда што ќе добие свој бродвејски мјузикл. Се работи на шоу инспирирано од животот на Мајкл Џексон и се очекува да биде готово во 2020-та година, според Холивуд рипортер. Музиката за претставата ќе биде извлечена од хитовите на самиот Џексон, почнувајќи од “Motown”, која ја пееше како дел од Џексон 5, и од целата негова соло-ера, вклучувајќи ги и легендарните албуми “Off the wall”, “Thriller” и “Bad”.

“Книгата за мјузиклот ќе биде напишана од двократната добитничка на Пулицеровата награда Лин Нотиџ, додека “балетскиот доајен” и добитник на Тони наградата Кристофер Вилдон ќе ја режира и кореографира претставата. Интересно да се види е тоа дали фондацијата на Џексон, која ќе биде инволвирана во мјузиклот, ќе спречи да бидат обработени и контроверзните аспекти од неговиот живот (како што се обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца)”, вели Вараети.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели