Професионалните чувари Џејван Бирд и Бил Витфилд биле вработени за да го обезбедуваат кралот на попот две и пол години пред крајот на неговиот живот во 2009 година. Тие откриваат дека Мајкл често трошел многу пари за глупости.
“Тој беше многу ексцентричен. Одеше во продавница и купуваше сè. Кога престојуваа во хотели, купуваше стотици книги. Еднаш откупи цела книжарница”, раскажува Бил, кој е поранешен полицаец за британскиот весник “Мирор”. Мајкл остави без татко 3 деца-Парис на 16 години, Принс на 17 години и Бланкет на 12 години. Бил вели дека пејачот бил многу близок со своите деца.
“Работевме за г-дин Џексон. Не сме работеле за кралот на попот. Ние го гледавме како маж и татко. Беше убаво да го гледаме во улога на родител. Им помага на децата со домашните, сакаше тие да се хранат правилно, ги испраќаше да си легнат. Во куќата немаше интернет. Децата не можеа да гледаат телевизија, затоа не знаеја како е претставен нивниот татко во медиумите”, се сеќава Џејвен.
Мајкл Џексон почина на 50-годишна возраст од предозирање со пропофол. Неговиот лекар, Конрад Мареј, е осуден на неколку години затвор. Судот го прогласи лекарот за виновен, бидејќи ја дал фаталната доза од анестетикот на пејачот. Обезбедувањето на кралот на попот открива уште детали од својата работа за ѕвездата во книгата: “Сеќавајќи се на времето: Мајкл Џексон во последните негови денови”.
Подготви: Синиша Новевски