World Music

Во нарко скандал вмешани Бритни и Кристина Агилера

Њујоршката полиција разоткри голема-нарко мрежа, во која се вплеткани и имињата на популарните пејачки, Кристина Агилера и Бритни Спирс. Имено полицијата прислушкувала телефони на еден дилер, при што дошла до сознание дека во меѓусебната комуникација, тој користел невообичаени шифри за одреден вид наркотик.

Шифрата за договор за испорака на “крек” кокаин била Бритни Спирс, а доколку требало да се дистрибуира “пудер” кокаин, тогаш тајниот код било името на пејачката Кристина Агилера. За трговијата со дрога, до сега се обвинети 25 лица, а познатите пејачки се уште не се огласија по повод поврзаноста на нивните имиња, во овој нарко скандал.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: