World Music

За пишување графити, Џастин Бибер обвинет во Бразил

Светски познатата тинејџерска атракција, поп пејач и најпосакуван помеѓу женската тинејџерска публика Џастин Бибер е обвинет за пушување графити во Бразил. Според бразлиските закони, секое оштетување на објектите, дасадите, спомениците… во што се вбројува и пишувањето и цртање на графити, е казнено дело. Според нивните закони, Бибер би добил казна затвор до една година или плаќање на висока парична казна. Бразилската полиција, откако се појави фотографијата на која што се гледа како Бибер со спреј прави графит на фасадата на напуштен хотел, соопшти дека 19 годишниот пејач е виновен, но истовремено одтаму изјавуваат дека неговиот прекршок е од помала природа.

Најтиражниот бразилски весник “Глобо” пишува дека е малку веројатно дека Бибер, на било кој начин, ќе биде казнет за прекршувањето на бразилскиот закон, бидејќи обвинувањето е подигнато кога тој веќе се наоѓа во Парагвај.

Ова не е првпат, Џастин да се извинува за своите постапки. Во март годинава тој мораше да им се ивинува на своите фанови во Лондон, затоа што доцнеше на концертот повеќе од еден час. Во април, во Холандија, предизвика гнев во јавноста, кога се разбра дека во книгата за впечатоци, во музејот “Ана Франк” запишал дека оваа жртва на холокаустот во текот на Втората светска војна, би можеле да биде еден од неговите фанови.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: