Балканленд

Цеца и во новата сезона дел од жирито на музичкото реално тв шоу “Пинкови ѕвезди”

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, а за радост на сите фанови на познатата балканска мега ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ, на само недела ипол до одржувањето на спектакуларниот концерт во Несебар, Бугарија (21-ви август), ексклузивно дознаваме дека познатата балканска фолк дива повторно ќе биде дел од жирито од новата, втора по ред сезона, на музичкото телевизиско реално шоу “Пинкови ѕвезди”. По големиот успех на првата сезона, каде што Цеца беше претседател на жирито, продуцентите и организаторите на ова најгледано тв шоу на Балканов решија таа и во втората сезона која започнува од септември да ја има истата улога – претседател на жирито, а за тоа кој се ќе биде дел од истото, продуцентите не откриваат и го чекаат стартот на новата сезона на тв шоуто.

Ceca_pinkovi zvezdiСите фанови на Цеца можат да бидат мирни, бидејќи ќе имаат привилегија и можност да ја гледаат својата омилена фолк пејачка и музички идол повторно на тв екраните. Цеца за учеството во новата, втора сезона на “Пинкови ѕвезди” изјави:

“Во првата сезона од ова тв шоу имав задоволство да сретнам неверојатни таленти од сите краишта на Балканов, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија… па дури и од Бугарија. Да, понекогаш бев построга, но се радувам што успеав да помогнам на натпреварувачите да разберат како да работат со својот глас и да ги истакнат своите музички квалитети. Немам трпение да разберам се што ни претстои во новата сезона”, изјави Цеца во врска со новата сезона на “Пинкови ѕвезди” каде таа повторно е претседател на жирито.

Ceca_koncert_NessebarИнаку, да Ве потцетиме, мега сепкатакуларниот концерт на Светлана Цеца Ражњатовиќ е рачиси за неполна недела, а истиот ќе се случи во едно од најубавите туристички места во соседна Бугарија, Несебар каде познатата фолк пејачка на Градскиот стадион ќе оддржи целовечерен концерт за сите оние кои се најзини големи фанови, кои ја сакаат и слушаат нејзината музика и секако за сите оние кои моментално летуваат во Несебар. Влезниците се веќе во продажба и истите можете да ги набавите на билетерниците на Градскиот стадион во Несебар или пак преку мрежата на Eventim.bg. по цена од 30 до 50 лева или 15 до 25 евра, во зависност од местоположбата.

Меѓу многубројните медиумски покровители на на овој концерт е и Специјализираниот македонски музички портал Музика24 кој ќе биде дел од концертот со своја екипа и ќе ве извести за се она што се случува пред, за време на концертот и по завршување на истиот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: