Во петок 17-ти јули аудиции за “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”

Пинкови Звезди

Од есен, со започнување на новата телевизиска сезона, во Македонија ќе се емитуваат популарните српски шоуа “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”. Шоуто за возрасните, “Пинк ѕвезди” оваа сезона се емитуваше на националната Алфа телевизија и не достигна голема популарност, додека пак националната Сител телевизија го емитуваше шоуто за малите ѕвездички со големо задоцнување од емисиите во Србија. Но затоа, од септември, премиерно како во Србија, Црна Гора и Босна, шоуто ќе се емитува и во Македонија.

Аудициите на кои може да дојдат сите македонски кандидати кои сакаат да учествуваат во овие шоу програми, ќе се одржат во петок на 17-ти јули во просториите на Сител телевизија. Оние кои ќе бидат избрани за најдобри на овие аудиции, од септември започнуваат со музичкиот натпревар во Белград.

Подготви: Музика24/ТВ пакет

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели