0

Стојанчо Бучков уште еден македонски претставник во бугарското шоу “X Factor” (Видео)

TvShows

Неодамна објавивме информација за еден од учесниците во бугарското тв шоу “X Factor”. Денес имаме посебна чест и задоволство да ви претставиме уште еден наш учесник во ова реално музичко тв шоу, и ви го претставуваме 22 годишниот гевгеличанец кој што студира на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје и кој што моментално преку размена на студенти се наоѓа во Германија. Како што вели самиот Стојанчо, никогаш не земал часови по пеење и за цело време вежбал сам дома.

“Пејам за душа, пејам за другите, пејам за другарите, пејам за пријателите. Јас не пејам со дијафрагмата, јас пејам со срцето и со душата”, вели нашиот македонски претставник Стојанчо во бугарскиот “X Factor”. Тој во најавата уште раскажува дека уште како мал имал проблеми со коленото и дека за влакно го избенал најлошото. И дека токму овој настап и го посветува на својата баба која што за цело време била со него додека тој бил во болницата во Скопје. А како се претстави и дали доби Да или Не од стручното жири, погледнете го видеото во продолжение.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели