50 години кариера на Јосипа Лисац – гала концерт во новата концертна сала на МФ

Во прв ред

Уште едно големо изненадување од Авалон продукција. Тие со огромно задоволство ви ја најавуваат една од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја “50 години Јосипа”, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во “Лисински” во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје во новата сала на Македонската Филхармонија.

“Јосипа Лисац има таква кариера да нема никаква потреба ништо дополнително да се објаснува, освен да се каже дека сме неверојатно радосни што во нејзиното се поретко одење на турнеи влегува и Скопје и тоа со ваков гала концерт”, велат од Авалон продукција. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре сабота 03-ти март во 9 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија, по следниве цени:

  • Golden Seats – 2000 денари
  • Silver Seats – 1500 денари

Од Авалон продукција напоменуваат, се одржува само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници, тоа значи дека уште утре бидете едни од првите кои ќе ја набават својата влезница. За повеќе детали, следете го нашиот музички портал Музика24.

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели