После неверојатниот настап во 2002 година во клубот Елемент, а по барање на скопската публика, директно од Америка на 12-ти септември, четврток во Капан Ан, со почеток во 23 часот свој настап ќе има еден од најдобрите хаус ДЈ во светот Дејвид Алварадо. Специјални гости на настанот ќе бидат: Игор Зотик и Томи Бојаџи. Додека за специјланите визулени ефекти на забавата ќе се погриж 3 Д мапинг – Вид Бит од Истамбул.
Настанот е во организација на промотерската куќа Пјур Соул кои зад себе имаа веќе неколку успешни настапи на светски познати диџеи како Мајк Хакаби и Кунијуки Такахаши.
Американскиот диџеј, продуцент и уметник Дејвид Алварадо чија кариера трае повеќе од една деценија, се смета за еден од најдобрите чувани тајни на електронската музика . Неговата музика е издадена за светски познатие лејбели како Ovum, Ultra, Peacefrog, Yoshi Toshi, Plastic City, Strictly Rhythm и Guidanc.
Дејвид ја започна својата кариера како DJ во андерграунд сцената во Лос Ангелес. Со неговиот стил и уникатна селекција на музика, тој за многу кратко време успеа да создаде голем удел во американската електронска музичка сцена. Тој има настапувано во легендарните клубови и настани како: The Ministry of Sound, The Hacienda, Fabric, Tresor, Florida 135, Row Club, Panorama Bar, The Arches, Extrema Festival, Sonar. Влезот на забавата ќе биде 150 денари.