0

Ансамблот “Танец” со велигденски концерт во Битола

Во прв ред

Светски докажаниот амбасадор на македонскиот фолклор, кој веќе шест децении претставува уникатен симбол на македонската култура и уметност, ансамблот “Танец” утре понеделник (16 април), ќе одржи велигденски концерт во Центарот за култура во Битола.

Веќе шест децении “Танец”, со своите уникатни носии со кои настапува секаде ширум светот, претставува вистински подвижен историски музеј на македонското културно наследство. Националната установа за народни игри и песни – ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година, а нивното прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на “Меѓународниот фестивал” во Велс. На оваа манифестација членовите на “Танец” со изведбата на “Тешкото” ги освоија сите можни поени добивајќи ја највисоката награда, признание уште повеќе вредно и поради фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Од самиот почеток па до денеска, за успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија, а “Танец” има учествувано на над 5.500 концерти и подиуми во земјата и во светот, претставувајќи се пред околу 8 милиони гледачи.

“Невестинско”, “Чифте чамче”, “Лазаренки”, “Осоговка”, “Сум се родил мераклија”, “Да сум бистра вода”, како и “Велигденско оро”, се само дел од програмата на претстојниот концерт на “Танец”, а влезниците се веќе пуштени во продажба во билетарницата на Центарот за култура – Битола. Настанот е со почеток од 20.00 часот.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели