Во прв ред

“Архангел” и Македонската филхармонија Ви најавуваат голем концерт

Музика24 дознава дека во организација на План Б продукција, рок-бендот “Архангел” во придружба на Македонската филхармонија подготвуваат голем концерт кој е закажан за 20-ти декември во Арената “Борис Трајковски”. Тие испратија официјално соопштение кое ние во целост Ви го пренесуваме:

“Архангел повторно се подготвуваат за концертна активност. На 20-ти декември во спортската арена “Борис Трајковски” во Скопје овој македонски состав уште еднаш ќе покаже зошто македонски подобро звучи, овој пат засилени со Македонската филхармонија. Повеќе од 60 луѓе на иста сцена ќе го донесат спојот помеѓу современото и класичното на начин незабележан во македонската музичка историја. Неповторливо и незаборавно, како што сме навикнати кога е Архангел во прашање. Деталите за почетокот на продажбата на влезниците, ќе ги соопштиме наскоро”, се вели во соопштението кое План Б го испрати до медиумите.

Музика24 како единствен релевантен музички портал во Македонија, ќе Ве известува и информира за и околу подготовките на концертот на “Архангел” и Македонската филхармонија.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: