Во прв ред

Авалон продукција порачува: Сите во Охрид – доаѓа Масимо Савиќ (Фото)

Како што не информираат од Авалон продукција, некаде на отворањето на туристичката сезона имаме ретка и одлична можност и привилегија да го слушнеме и видиме сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Масимо. Се разбира, за неговиот беспрекорен перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар, совршеното место за ваков тип на концерти, на 14-ти јули.

Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: “Dodirni me slucajno”, “Stranac u noci”, “Iz jednog pogleda”, “Zagrli me”, “Krug u zitu”, “Sjaj u tami”… и уште многу, многу хитови. Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: