Во прв ред

Bryan Ferry во Македонската филхармонија на 9-ти септември

Авалон продукција и овој пат, како и секогаш досега, со задоволство ве информира дека човекот наречен King of the cool -Bryan Ferry, доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум “Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога тие прославуваат 25 години од постоењето, на 9-ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда!

Bryan Ferry e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија. Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р.Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20-ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија. Се разбира дека и во периодот до 20-ти април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070/260-350 и 078/365-245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).
Од Авалон продукција напомануваат: Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници, бидете едни од првите кои ќе си ја набават навреме својата влезница за големио и долгоочекува спектакуларен настан.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: