0

“Chromatic Point” вечерва во “Станица 26”

Во прв ред

Вечерва со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб “Станица 26” и во организација на продукцијата “3 Гонга”, ќе настапи македонскиот инструментален состав “Chromatic Point”. Оваа музичка група свири инструментален етно-прогресив метал. Членовите на бендот – Душко Ичев на клавијатури, Ален Спасевски на бас-гитара, Христијан Ристески, гитари и Филип Јездиќ на тапани ветуваат неколкучасовно енергично дружење. Како предгрупа ќе настапи прогресив рок-групата “Yuvigi” од Софија.

Бендот е формиран 2010 година и веќе активно работи 8 години. Досега има издадено 3 албуми: “Златен пресек” во 2012 година кој е самоиздаден, потоа “Слики од старата куќа” во 2014 година за “Мајнер рекордс” (Miner Records) и третиот албум “Изгрев” од 2016 година, исто така самоиздаден.

“На концертот публиката ќе има можност да слушне и види изведба на виртуозна инструментална музика. Ќе бидат опфатени песни од нашите 3 досегашни студиски албуми, како и изведба на новиот сингл “Clockwork”, кој ќе биде за првпат отсвирен пред домашната публика. Свириме инструментален етно-прогресив метал, досега немаме песна со вокал и како формација секогаш настапуваме како квартет. Песните и аранжманите ги правиме ние самите, обично некој од членовите на бендот доаѓа со некаква идеја, која подоцна во текот на пробите се разработува и во најголем дел на тој начин ја создавме музиката. Инспирациите и влијанијата ни се најразлични, од метал и рок-бендови се до џез, блуз…”, велат од бендот.

Досега имаат настапувано на повеќе фестивали низ земјава, меѓу кои “Пиволенд”, “Виноскоп”, “Т`к так фест”, МАН – алтернативни награди, како и многубројни самостојни концерти во Скопје и во другите градови низ Македонија. Изминатиов месец имаа три настапи во соседна Бугарија заедно со бугарската група “Yuvigi”, а по “Станица 26” ќе настапат на фестивалот “Полинерок” во Пловдив, каде ќе ја делат сцената со бендови од целиот Балкан, како и од други европски земји. Во меѓувреме, бендот интензивно работи на создавање музика за нивниот 4-ти по ред студиски албум.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели