Во прв ред

Даниел Кајмакоски во Битола, вистина или лага?!

Освен што сите го пречекаа на скопскиот аеродром, во родното Мислешево, победникот на првата сезона на “X Factor Adria” Даниел Кајмакоски денеска на плоштадот “Магнолија” во Битола го чекаа и неговите обожавателки и фанови од овој град. 50-на девојчиња со разно разни пораки, подароци и изненадувања секој момент го очекуваа да се појави тој, нивниот музички идол.

Иако немаше никаква официјална претходна најава за негово гостување во Битола, сепак, младите обожаватели и фанови на Даниел, преку своите другари, facebook… дознале дека тој денес ќе пристигне токму во нивниот град и дека ќе пристигне во еден битолски ресторан каде наводно ќе биде на ручек со своите пријатели.

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, неговите фанови на плоштадот се појавиле од 13 часот, а таму останале се до 15 часот кога се упатиле кон ресторанот да ги прашаат вработените во истиот дали Даниел е тука или дали воопшто бил во текот на денот. Но одтаму им одговориле дека Даниел ниту бил, ниту пак е најавен дека ќе доаѓа кај нив во текот на денот.

Неговите фанови, незадоволни и видно натажени, го поздравија својот идол со една од песните кој тој ги исполни во регионалното шоу “Сонце не ме грее” и изјавија дека не е фер што вака и на овој начин биле излажани и морале да чекаат 5 часа за да го видат Даниел Кајмакоски, кој за жал не го видоа.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: