“dRumelody” го промовираат новиот албум во Скопје (Фото)

Во прв ред

Во сабота на 22-ри април во ресторанот “Барбакан” во Скопје, сараевскиот футуристички бенд “dRumelody” првпат во Скопје ќе одржи промоција на новиот албум “Аеро”, во издание на “Dancing bear/Warner music” од Хрватска. Албумот го сочинуваат девет песни, а обвивката е креирана според главната хероина од стрип изданието на Берин Тузлиќ ака “dRumelody” насловен “Devil in side”, според кој е изработен и првиот видеосингл за песната “Bad sunshine”.

Ианку “dRumelody” е бенд во кој главен збор има тапанарот, перкусионист, стрип-цртач и аниматор Берин Тузлиќ чиј краток анимиран филм “Реквием за Пинокио” минатата година се најде во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал. Главна карактеристика на овој музички концепт е во тоа што тапанот како инструмент го има главниот збор. Токму затоа “dRumelody” привлекува се повеќе внимание со необичните настапи во живо не само на Балканот, туку и во другите европски градови како Берлин, Амстердам, Талин, Дубаи. Албумот е објавен на винилно издание и во мп3 формат и е достапен на музичките платформи Deezeru и GooglePlay. Берин Тузлиќ е автор и на анимираните видеоспотови кои го следат албумот и кои ќе бидат изведени и на неговиот настап по промоцијата.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели