Во прв ред

Ексклузивно: После две децении, Драгана Мирковиќ со голем концерт во Скопје (Видео)

Во организација на продуцентските куќи Sky Music и Music Edition, на 19-ти и 20-ти мај во Скопје во ВИП арената “Борис Трајковски” ќе се одржи “Superstar weekend” кој што ни ги носи мега популарните Драгана Мирковиќ која што последен пат имаше концерт пред речиси две децении и познатиот Аца Лукас кој со своите хитови секогаш прави вистинска забава.

Големиот концерт на мега популарната Драгана Мирковиќ кој е во склоб на нејзината голема турнеја “Една од милион”, која опфаќа 19 града во регионот, ќе се одржи  на 19-ти мај петок со почеток од 21 часот. Фолк дивата започна со промотивна турнеја веднаш после излегувањето на нејзиниот нов албум “Една од милион”. Драгана за своите македонски фанови ветува одлична и незаборавна забава со нејзините препознатливи и добро познати стари, а и нови хитови. Доколку сте нејзин голем фан и доколку сакате во живо да ги слушнете незаборавните и легендарни: “Мило моје што те нема”, “Кажи ми сунце моје”, “Најлепши пар”, “Умречу због тебе”, “Опрости што ти сметам”, “Нисам ни метар од тебе”, “Врати ми се ти”, “Црни лептир”, “Плачи земјо”… овој концерт е задолжителен за вас.

Следниот ден пак, 20-ти мај сабота со почеток од 21 часот ќе се одржи спектакуларен концерт на познатиот Аца Лукас кој е дел од неговата турнеја “Најголемите журки на Балканот”. Како што дознаваме, како најава за концертот во Скопје Лукас на својот YouTube канал ќе објави дуетска песна. Името на другиот член од овој дует кој заедно со Аца Лукас ќе го отпее новиот хит сеуште не се открива и се држи во голема тајност се до почетокот на самиот концерт, кога и присутните ќе имаат можност да видат за што поточно станува збор.

Спектакуларнита бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Драгана Мирковиќ и Аца Лукас. Влезниците за овој “Superstar weekend”, како за секој концерт поединечно така и блок влезница за двата концерта, ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 20-ти март преку продажната мрежа kupikartizase.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: