Во прв ред

Екстра ден на “Пиволенд”

Бидејќи временски услови не беа на наша страна решивме да му дадеме на “Пиволенд” уште еден, бонус ден. Сметаме дека е наша должност да им ја обезбедиме ветената забава на целата публика, саботната вечер го докажа тоа со рекордна посетеност на повеќе од 40.000 посетители. Се докажа дека Скопје е жедно за поголема доза “Пиволенд”.

На големо барање на сите Пиволендџии сакаме на нашите посетители да им подариме уште една вечер исполнета со многу пиво, музика и секако позитивна енергија. Објавуваме дека понеделник, 16.09.2013 ќе има шеста вечер на “Пиволенд”. На сите сцени ќе има разновидна музичка програма. Посетителите на главната сцена ќе можат да ги видат Ареа, Паркети, Пука Козметика (Токсикологија Мјузик), Шутка Рома Рап, Фајтинг Виндмилс и ДЈ Тина. Се надеваме на успешна последна пивска вечер во Скопје.

Дојди! Види! Испиј!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: