0

Електронскиот бенд “Gus Gus” во сабота настапува во Скопје

Во прв ред

Продуценската куќа Win Music Freedom ви го најавува концертот на светски познатиот електронски бенд “Gus Gus” на 22-ри април во петтата хала на Скопски Саем. Водени од желбата на македонската публика, да се посведочат најквалитетните музички настани поврзани со електронската музика и клупската култура, овој избор беше сосема логичен. “Gus Gus” постојат повеќе од 20 години и се уште се водечки електронски бенд кој е жанровски шаренолик, а нивните експериментални звуци секогаш нови и свежи. Нивниот уникатен прогресивен стил измешан со мрачни текстови ги прави неодоливо добри.

Формирани се во 1995-та година, како филмски колектив за по издавањето на првиот албум да бидат повикани од моќната и независна дискографска куќа 4AD за која и ќе ги издадат албумите: “Polydistortion”, “This is normal” и “GusGus vs. T-World”. Составот на бендот се менува низ годините, но како р’бер на овој бенд од почеток, па до денес остануваат Birgir Þorarinsson (композитор) и Daniel Agust Haraldsson (пејач и текстописец). На нивните последни два албум гостува талентираниот музичар и вокалист Hogni Egilsson. “Gus Gus” во своето уникатно музичко патешествие имаат светски поп хитови и синглови како “David”, “Ladyshave”, “Need in me” и “Over”.

“Gus Gus” стануваат светски посакуван бенд на највлијателните музички фестивали, секогаш предизвикувајќи млада и нова генерација – следбеници на нивниот звук. Последните два албума се издадени за германскиот бренд Kompakt Records, а во Скопје ни доаѓаат дур трае нивната турнеа за последниот албум “Mexiko”. “Gus Gus” се вистински популарни во Македонија и речиси и да не постои радио плеј листа на која не се емитува нивната музика со децении.

“Во желбата оваа ноќ да ја направиме уште по впечатлива, атмосферата ќе ја загреат миленикот на скопската публика DJ Зоки Бејбе и авангардниот електронски бенд “Кантон 6” со настап во живо. По настапот на “Gus Gus” ќе се забавуваме со live извездбата на Mathew Jonson со кого и ќе го дочекаме утрото”, велат организаторите. Овој голем настан е само уште една најава на уникатната и возбудлива музичка приказна за паметење на Win Music Freedom.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели